Случај „Титаник“: Одбраната бара изземање на судиите од овој предмет
Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ побараа изземање на сдуиите што го водат случајот поради изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева дека во бомбите биле прислушувани и судии.
Според адвокатите, се додека СЈО не ги соопшти на прислушваните судии тие немаат ркедибилитет да водат судски процеси.
Во моментов, судто го разгледува нивното барање што се очекува сооптшување на одлуката.
Во судницата се присутни најголем дел од обвинетите меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, пратеникот Илија Димовски…
Ова е второ рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
Г.А.