Славната тенисерка Јана Новотна почина од рак
Тага и неверувањето завладеа со тенискиот свет. Славната чешка тенисерка, Јана Новотна (49) ја загуби битката со ракот и почина вчера во семејниот дом.
„Јана беше инспирација и на теренот и надвор од него. Сите што ја запознаа – ќе Ви го кажат тоа“, рече претседателот на ВТА, Стив Симон.
Својот најголем успех во кариерата, Новотна го постигна во 1998 година кога го освои најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон. Покрај тоа, двапати беше поразена во финалните натпревари од Австралија опен во 1990 и во 1996 година, а освои дури 16 гренд – слемови во конкуренција на женски или мешани парови.