Славната манекенка со облини Ешли Алексис во божикна кампања


САД- Најпознатата манекенка со облини, Американката Ешли Алексис стана амбасадор на компанијата за долна облека “Лавхани линжери“ и позираше во кампањата за нивната божикна линија.

“ Изборот на секси но удобна долна облека ја крева самодовербата на жените. Се чувствував многу пријатно додека ја снимавме кампањата. Сакав да им пренесам порака на жените дека без разлика на изгледот и расположението, добро парче долна облека ќе ве направи посакувана,и кога ќе застанете пред огледало, ќе си речете: леле, колку сум секси,  изјави 26-годишната манекенка.

Алексис со својот конфекциски број 46 ги сруши стереотипите дека успешни манекенки можат да бидат само слаби, речиси анорексични модели. Заштитно лице е на многу славни модни брендови кои ја слават женската убавина.