Славен Белупо му раскина на Китановски
Хрватскиот фудбалски прволигаш Славен Белупо и македонскиот интернационалец Томе Китановски спогодбено го раскинаа договорот. Од клубот од Копривница порачаа дека Китановски со своите настапи во пролетниот дел од шампионатот не ги исполнил очекувањата. Така, завчерашниот меч против Истра, од каде што дојде во Копривница на почетокот од годината, му беше последен во дресот на „фармацевтите“.