Скопје ќе добие Retail Park, отворањето планирано во јуни


Скопје за неколку месеци ќе добие свој Retail Park каде ќе бидат лоцирани познати модни брендови, како и продавници за техничка стока, покуќнина и мебел како што се „Нептун“, „Jysk“, „LC Waikiki“, „Sport Vision“, „KFC“, „Zegin“. Планирано е да има и супермаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца, а предвиден е и паркинг простор за над 300 возила.

Паркот ќе се протега на површина од 9.500 квадратни метри, а се наоѓа на местото на некогашната фабрика „Типо“ во општина Чаир.

– Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето, изјави Катарина Николов од Cushman and Wakefield/FortonМКА кои се екслузивен агент за изнајмување.

Инвеститор на објектот е компанијата „Али Тобако“ од Скопје, а отварањето се очекува да биде во јуни.