Скопјанка ранета од залутан куршум што поминал низ покривот


Скопјанка дома била повредена од залутан куршум.

МВР информираше дека вчера околу 20 часот во Скопје, на улица „Македонско Косовска бригада“ додека А.Д.(36) седела во својот дом, била повредена од залутан куршум кој поминал низ покривот. Повредената била однесена во Градската општа болница  „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.