Силен земјотрес го погоди Перу


Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Перу, соопшти Американскиот геолошки институт.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами наведе дека не очекува појава на големи бранови ширум Пацификот.

Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри северозападно од градот Хулиака, на длабочина од 258 километри.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.