Сенатот на САД не постигна договор за спречување на делумната блокада на Администрацијата


САД – Членовите на Американскиот Сенат не успеаја да постигнат компромис околу законот за финансирањето на федералните институции, со што би се спречила делумната блокада на Администрацијата, што започна од ноќеска на полноќ по локално време во Вашингтон (6 часот утрово по средноевропско време).

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел соопшти дека синоќешната сенатска седница посветена на постигнувањето компромис за законот била прекината по само неколу часа и нова заседение во врска со ова прашање е закажано за в четврток.

До тогаш е предвидено да се водат преговори меѓу потпретседателот на САД, Мајк Пенс и лидерот на демократите во Сенатот. Чак Шумер во обид да се изнајде компромис за времено финансирање на федералните институции.

Главен проблем околу постигнувањето договор за финансирањето е барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, со законот да се определат пет милијарди долари за изградба на ограда на границата на САД кон Мексико, на што се противат демократите.

Поради блокадата на федералните институции, Трамп го откажа планираното патување на Флорида за Божиќ и божиќните празници ќе ги мине во Вашингтон.