Седум момчиња се истепале пред училиште во Скопје


Вчераутро се случила тепачка во близина на ДСУ „Браќа Миладиновци“, а две лица биле повредени во пресметката. Како што пренесе МВР, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

„На 04.02.2019 година околу 09.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул. Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици, а А.Б.. (17) од с.Вражале со нож му нанел повреда на Р.Д.(18) од село Батинци, скопско. Р.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А.Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево. А.Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.