СДСМ: Мицкоски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политиките на создавање вештачки поделби, на блокади и на пласирање на лажни вести, коишто се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија, сметаат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше на барок, споменици, лускуз и богатење на поединци, со што ја опустоши и уназади економијата. За разлика од таквото расипничко и криминално трошење на парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите за краток период успеа да ја стабилизира економијата и да ја направи развојна. Јавниот и државниот долг за првпат по 2009 година се намалени, минималната плата е зголемена на 12.000 денари и важи за вработените во сите индустрии“, соопштија од партијата.
Според СДСМ, Мицковски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција и блокади што неговата партија ги прави исклучиво заради лични и еднострани партиски интереси.