СДСМ: Граѓаните го поразија режимот на Груевски, Мицкоски останува негов заробеник
Граѓаните го поразија режимот на Никола Груевски, најголемото зло за граѓаните и за Република Македонија кое пустошеше 11 години со криминално и расипничко владеење. Христијан Мицкоски, како советник на Никола Груевски во тоа време, директно учествувал во креирањето на штетните политики кои ги осиромашија граѓаните а земјава ја претворија во заробена држава, пред економски крах, соопштија од СДСМ.
„Мицкоски останува заробеник на погрешните политики на Никола Груевски кои создаваа поделби и конфликти, сосема спротивни на интересите на граѓаните и државата. На демократски начин, граѓаните ги поразија таквите погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и одбраа заедништво и напредок. Македонија се обедини против ретроградните сили, се обедини околу реформите што обезбедуваат сигурна и стабилна иднина“, се вели во соопштението.