Салах демантираше дека има конфликт во тимот на Египет
Најдобриот играч на Египет, Мохамед Салах ги демантираше тврдењата за конфликт во тимот по поразот од Русија на Светското првенство.
Новинарот Карим Зидан објави во Твитер, повикувајќи се на египетските медиуми, дека Салах е незадоволен од начинот на кој локалната Фудбалска федерација го организирала тренинг-кампот на тимот и поконкретно тоа што на него биле поканети околу 100 бизнисмени и личности што ги спречиле играчите да се подготват правилно за Мундијалот.
Карим Зидан тврди дека Салах одбива да игра во последниот натпревар на „фараоните“ против Саудиска Арабија на 25 јуни во Волгоград.
– Сите во тимот сме обединети, нема никакви несогласувања. Ние се почитуваме еден со друг, одговори Салах во својот Твитер профил.
Во првите два натпревари, Египет претрпе порази од Уругвај (0:1) и Русија (1:3) и ги загуби шансите да ја надмине групната фаза.