Рекордер: Ибрахимовиќ со седум различни екипи во Лигата на шампиони


Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ стана првиот играч што настапил за седум различни екипи во Лигата на шампиони.

Ибрахимовиќ влезе во историјата на елитното натпреварување, откако синоќа настапи за Манчестер јунајтед на гостувањето во Швајцарија против Базел.

Јунајтед го загуби дуелот со 1:0, а Ибрахимовиќ ги одигра последните дваесетина минути.

Швеѓанецот претходно во ЛШ играше за екипите на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.

Новиот рекордер во оваа категорија Златан Ибрахимовиќ претходно го делеше првото место со Никола Ањелка и Хавиер Савиола кои имаат играно за шест екипи во ЛШ.