Ракометарите до 18 години на чекор до полуфинале на ЕХФ Шампионатот
Македонската кадетска ракометна репрезентација е на чекор до полуфиналето на ЕХФ Шампионатот. Денеска, Македонија беше подобра од Луксембург, (31:25), вчера од Литванија, а со оглед на прикажаното досега Финска и Естонија нема да бидат голем залак. Швајцарија од друга страна е поинаква приказна, но полуфиналето сеедно, веќе го имаат во џеб.
Луксембург е сериозна репрезентација и тоа го докажа и денеска. Македонија, сепак, има подобар тим и полека ја градеше разликата. Главно играта одеше преку Мартин Серафимов, но и одбраната на протитивникот беше насочена кон него, па се отвори простор и за пикерот Симоновски, ценатрот Џигероски и посебно за Ненад Костески. Тој и денеска беше најефикасен во нашите редови и сега има просек од 10 гола по натпревар. Воедно ја доби и наградата за најдобар играч од нашиот тим.