Протест во Подгорица поради нападот врз новинарката Оливера Лакиќ
Повеќе од стотина НВО активисти, новинари и граѓани се собраа денеска пред Владата на Црна Гора во знак на протест поради вооружениот напад врз новинарката на „Вјести“ Оливера Лакиќ.
Нападот се случи синоќа, пред влезот на зградата во која живее новинарката Лакиќ, на истото место каде пред шест години беше претепана.
Извршниот директор на „Вјести“ Жељко Ивановиќ изјави дека Оливера е добра, дека е храбра и свесна за сето она што се случи. Тој денеска ја посетил Оливера, која од последиците на ранувањето заздравува во Клиничкиот центар на Црна Гора.
– Оливера дури рече дека такво нешто не ја изненадува, по настаните од 2011 година до денес. Таа знае за собирот, кој денеска го држиме. Ме замоли да изразам благодарност до сите колеги, оние кои дојдоа и оние кои не дојдоа, а кои известуваа, истакна Ивановиќ.
Тој изрази жалење за животната средина во која работат новинарите. Ивановиќ се запраша дали општеството може да преживее во атмосфера во која, како што рече, постојат државни непријатели, предавници, а луѓето, кои пишуваат отворено и слободно, ги прогласуваат за предавници.
Претседателот на Комисијата за истрага на напади врз новинари, Никола Марковиќ, наведе дека со години предупредуваат дека ќе се случат нови напади доколку не се расветлат претходните.
– Ниту претходните напади врз Оливера Лакиќ не се расветлени. Како претседател на Комисијата, предупредувам дека вакви работи се случуваат секогаш по скандалозни луѓе, кои се во врвот на власта, од Ѓукановиќ, кој новинарите на „Вјести“ ги нарече фашисти, вели Марковиќ.
Вооружениот напад врз Лакиќ го осудија претставници на амбасадите во Подгорица, владејачките и опозициските партии, јавни и културни работници.