Протести во Истанбул поради растот на цените
Протестите се одржаа во организација на Конфедерацијата на синдикатите на вработените во државниот сектор. На собирот пристигнаа демонстранти од повеќе делови на Турција.
Учесниците на протестите извикуваа „Работа, леб, слобода“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Кризата е нивна, улицата е наша“ и „Јуни“.
Транспарнтите „Јуни“ алудираа на масовните протестите против политиката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во јуни 2013 години, кои започнаа како мирен протестен собир против проектоt за изградба на објекти во истанбулскиот парк „Гези“.
Денешните протести се одржаа под засилено полциско обезбедување.
Пред една недела протести поради драстичниот раст на цените во Турција во последниве неколку месеци, се одржаа и во градот Дијарбекир во југоисточниот дел на земјата.
Турција годинава се соочува со економска криза при што инфлацијата во октомври достигна 25,24 проценти, што е најзина највисока стапка во последниве 15 години. Од почетокот на годината вредноста на турската лира во однос на американскиот долар се намали за 22,5 отсто.