Претседателот Иванов на форум во Азербејџан


Претседателот Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Република Азербејџан, каде што ќе учествува на 6. Глобален Баку форум во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе се обрати на форумот кој годинава се одржува на тема „Премостување на разликите за создавање на инклузивни општества“.

На глобалниот форум најавено е учество на претседателот на Република Албанија, Илир Мета, на членот на претседателството на БиХ, Младен Иваниќ, на претседателот на Република Молдавија, Игор Додон, на турскиот премиер Бинали Јилдирим, на повеќе поранешни претседатели, премиери и министри, како и на голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори и претставници на Програмата за млади лидери.