Првиот антикорупционер си поднесе оставка


Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски си поднесе оставка, а информацијата ја потврдил за Телевизија 24.

Тантуровски утрово ја достави оставката до Собранието. Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков.

Оставките следуваат неколку дена по скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во комисијата која покажува дека дел од членовите фалширале патни налози.