По 10 номинации за „Рома“ на Куарон и „Фаворитка“ на Лантимос


На претстојнот 91 издание на престижните филмски награди „Оскар“, филмот „Рома“ на Алфонсо Куарон и „Фаворитка“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос водат со по 10 номинации. „Ѕвездата е родена“ на Бредли Купер доби осум номинации.

Во категоријата за најдобар филм ќе се тркаат „Црниот пантер“, „Црниот член на кју клукс клан“, „Боемска рапсодија“, „Фаворитка“, „Зелената книга“, „Рома“, „Ѕвездата е родена“ и „Потпретседател“. За надобар режисер ќе се борат Спајк Ли за „Црниот член на кју клукс клан“, Павел Павликовски за „Студената војна“, Јоргос Лантимос за „Фаворитка“, Алфонсо Куарон за „Рома“ и Адам Меккеј за „Потпретседател“.
За најдобра машка улога во трката за Оскар се Кристијан Бејл, Бредли Купер, Вилијам Дафо, Рами Малек и Виго Мортенсен. За женска најдобра улога пак номинирани се Јалица Апарисио, Глен Клоус, Оливија Колман, Лејди Гага и Мелиса Меккартни.
Доделувањето на оскарите ќе се случи на 24 февруари во Долби театарот во Лос Анџелес.
Иако организаторите сѐ уште официјално не потврдиле, извори од забавната индустрија говорат дека Американската академија на филмски уметности и наука го подготвува 91. доделување на „оскарите“ без водител.
Последен пат тоа се случи 1989 година, а овојпат тоа, се чини, ќе биде едно од најзасрамувачките во историјата, бидејќи секоја година паѓа и квалитетот и гледаноста на шоуто. Некои пак, мислат дека неуспехот во пронаоѓањето водител, всушност е добра вест.
Тоа е скриен благослов, ќе каже Тим Граy, уредник во „Варајети“.
– Луѓето веќе со години говорат дека форматот на доделувањето е непроменет од 1953., па му треба нешто ново и мислам дека вечер без водител е добра идеја, додава тој.
Улогата домаќин на 91. Издание веројатно ќе ја имаат ѕвезди од А-листата во Холивуд кои ќе ги најавуваат номинираните за разните категории, а воедно и победниците. Претходно комичарот Кевин Харт се повлече од водителската улога, откако во минатото имал хомофобични твитови.