По повод 8-ми март,Џејн го замени Џони Вокер
САД- Познатиот бренд на виски „Јohnnie Walker“ пред празникот на жената се придружи на глобалното движење за родова рамноправност и одлучи денот да го одбележи со посебна едиција „Jane Walker Black Label“.
Прв пат, по речиси два века од овој бредн, го променија ликот на шишето. Тврдат дека не се работи само за маркетинг, туку дека жената на шишето е дел од нивната кампања “Keep Walking America”.
„Jane Walker Black Label“ ќе биде во продажба од март со препорачана цена од 34 долари по шише. Од секое продадено шише на изданието Jane Walker, еден долар ќе биде дониран за организации кои се борат за правата на жените, а 150.000 од вкупно 200.000 долари донација од Johnnie Walker ќе замине во фондот Elizabeth Cady Stanton и Susan B Anthony за нивната кампања Monumental Women. Дел од парите ќе оди кај организацијата She Should Run која се обидува да поттикне поголем број жени да се кандидираат за политички позиции во САД.
Некои ја поздравија оваа одлука, а некои се цинични.
„Не гледам како ова е имбол на рамноправност на половите. Повеќе е маркетиншка стратегија за зголемување на продажбата“, е еден од критичкит екоментари на Twitter.