По еден „воздржан“ за Владата од Беса и од ДПА
Мерал Узеири Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса се двајцата пратеници кои гласаа „воздржано“ по прашањето за доверба во Владата, што го покрена ВМРО-ДПМНЕ. Други двајца пратеници на Беса – Теута Биљали и Фадил Зендели гласале против иницијативата за недоверба на владиниот кабинет, а Африм Гаши не бил присутен.
За претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во листингот стои дека не гласал – исто како и Сурија Рашиди.
За недоверба во Владата се изјасниле и двајца пратеници на СПМ – Љупчо Димовски и Стојан Миланов, додека нивната сопартијка Владанка Авировиќ не била присутна на гласањето. За недоверба на владиниот кабинет се изјаниле и пратениците Иван Стоиљковиќ од ДПС и Зеќир Рамчиловиќ од АВАЗ, како и Панчо Минов од ГРОМ.
Вкупно 40 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за недоверба на Владата, наспроти 62 пратеници од мнозинството кои му дадоа поддршка на кабинетот на Зоран Заев.