Почина Азедин Алаја, креаторот на ненаметливата висока мода


ФРАНЦИЈА- Дизајнерот Азедин Алаја, родум од Тунис, моден иконоборец чии наметливи стилови ги дефинираа 1980-тите години и кој облекуваше познати жени од Холивуд до Белата куќа, почина на 82 години. Француската федерација за висока мода денеска ја објави смртта на Алаја без да даде детали.

Алаја беше нарекуван „крал на наметливоста“ за скулптурните, припиени дизајни што првично ги популаризираше во текот на 1980-тите и ги унапредуваше во текот на децениите. Негови клиенти се разновидни личности, како поранешната прва дама Мишел Обама, Леди Гага, Грејс Џонс и Грета Гарбо.

Таинствен и познат како моден бунтовник, Алаја со децении живееше во Париз, но не учествуваше во сезонските модни недели и немаше блескави рекламни кампањи. Наместо тоа, тој ги претставуваше своите колекции приватно по сопствен распоред.

Повеќе музеи одржаа ретроспективи за делото на Алаја, меѓу кои и Гугенхајм во Њујорк и Пале Галиера во Париз, со изложба во 2013, во која се истакнува неговиот начин на „успорување на времето“.