Починато бебе однесено во болницата во Штип
Во Клинчката болнца Штип, вчера во 10 часот од страна на таткото Џ.О. било донесено шестмесечно женско бебе од Штип кое било починато, информира МВР.
Според полициските информации, од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.