Поради закана кон главната актерка одложена филмска премиера
Продуцентите на индискиот филм „Падмавати“ (Padmavati) го одложија првото прикажување закажано за 1 декември, поради закани упатени кон главната глумица и кон режисерот.
Имено, членот на владеачката Индиска народна партија, Сураџ Пал Аму понуди 1,3 милиони евра за тој кој „ќе ја обезглави главната актерка Дипико Падуконе и режисерот на филмот „Падмавати“, Санџај Лил Бансали, поради делото кое говори за врската меѓу кралицата на хиндусите и муслимански водач“.
Истовремено, лидерот на партијата во северната индиска држава Харајана, говорејќи на јавен собир, рече дека филмот воопшто не би требало да се дозволи да биде прикажан.
Филмот е заснован на измислена приказна за индиска кралица Раџпута, која бира самоубиство пред ропството на исламскиот султан. Падуконе ја глуми Падмини, легендарна кралица основачка на традицијата – жена од кралска лоза која била во заточеништво, доброволно да влезе во оган поради срамот што го преживеала.