Покрај лампионите сите сме деца: Емотивна новогодишна приказна


Едноставни, ретро, луксузни, обични, необични, еднобојни, шарени, нови или стари – раскажуваат емотивна новогодишна приказна пред и по 31 декември. Им се радуваме како на деца, ги китиме на елката заедно со семејството, секоја година во различна боја, со исти желби, надежи и среќа во Новата година.

Британската компанија „The Lakes Distillery“ тврди дека со нивните лампиони гарантирано ќе го почувствувате новогодишниот дух. Тоа е затоа што всушност се работи за производител на алкохол, а нивните „лампиони“ се всушност еден вид шишиња со виски, џин и вотка.

Лампионите на „The Lakes Distillery“ се продаваат во комплет од 6 мини-шишиња со по 20 милилитри, или поединечно – како еден поголем лампион.

Нова мода кај мажите, во пресрет на божиќните и новогодишните празници, се и брадите накитени со лампиони.

Не само што вакви фотографии се објавуваат на Инстаграм од сите страни на светот, туку ваквите накитени бради се „шетаат“ низ лондонските улици каде што трендот зема најголем замав, но и во САД – тренд кој веќе неколку пати се појави и во информативните американски емисии.