Поетесата Наташа Сарџоска учествуваше на „Арс поетика“ во Братислава


Поетесата и книжевен преведувач Наташа Сарџоска гостуваше на меѓународниот поетски фестивал „Арс поетика“ во Братислава, каде нејзината поезија е објавена на англиски и на словачки јазик во издание на фестивалот.

Сарџоска објавила неколку книги поезија и влегла во потесен избор за наградата за најдобра поетска книга „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Нејзината поезија е преведена на српски, шпански, италијански, турски, хрватски и англиски јазик. Таа пишува и есеи, раскази и се занимава со книжевен превод од италијански, португалски, шпански и француски јазик.

Сарџоска во своите настапи соединува и други уметности како сликање и пеење. Нејзиниот следен настап е на 22 ноември во книжевното кафуле „Метаноја“ во рамки на Неделата на италијанска кујна организирана од Италијанската амбасада, каде што ќе чита стихови од италијански поети на македонски и италијански јазик на тема вино.