Повторно протести во Унгарија поради „законот за робови“
Десетна антивладини протести вчера се организирани во Унгарија во знак на протест поради измените на Законот за работа.
Со промените на Законот драстично се зголемува бројот на прекувремени часови кои работодавачот може да ги бара од вработените.
Законот за работа е изменет во декември и содржи и други мерки на штета на работниците.
Опонентите на премиерот Виктор Орбан Законот го нарекоа „Закон за робови“,, а покрај тоа протестираат и поради корупцијата и нападите на Владата врз медиумите и академската слобода.
Портпаролот на унгарската Влада. Иштван Холик изјави дека измените на Законот за работа е само изговор за протести, кои ги оцени како дел од опозициската кампања пред изборите за Европскиот Парламент.