Повторно искршени жардиниерите на плоштадот во Струмица
Жардиниерите поставени на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица повторно се искршени.
Засега непознати сторители ги искршиле и ја расфрлиле урбана опрема и земјата од неа.
Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека се згрозени од овој вандалски чин и додаваат дека не е прв пат да се кршат жардинерите и да се уништува урбаната опрема.
Ваквите појави зачестија од почетокот на годината. Оттогаш до денес се евидентирани повеќе случаи на кршење на урбаната опрема, а сторителите досега не се откриени.