Побарана мерка притвор за Мијалков и за Ибраими


Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за Бедредин Ибраими и за Сашо Мијалков.
Како што појасни таа, постоело опасност од бегство на Мијалков кога за него само се воделе случаи, а сега кога има пресуда, таа опасност од бегство, значително се зголемува.
Фетаи, за Бедредин Ибраими појасни дека за цело време на судењето, не го почитувал обвинителството и не ги признавал нивните случаи, па смета дека постои опасност од бегство, затоа побара мерка притвор.
Во своја одбрана, Бедредин Ибраими рече дека тука е роден, тука работи и тука ќе умре, а нема намера да бега, додека пред судот не докаже дека тој и  неговите колеги не се виновни за она што им се става на товар.