Пике веќе нема да игра за Шпанија
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, преку социјалните мрежи објави дека завршил со настапите во шпанската репрезентација.
„Разговарав со новиот тренер на репрезентацијата Луис Енрике пред неколку недели и му соопштив дека сакам да ја завршам мојата кариера. Тоа беше прекрасен период во кој го освоив Европското првенство и Светското првенство. Сега целосно ќе се посветам на Барселона“, објави Пике на Твитер.
31-годишниот Пике поради својот афирмативен став кон независноста на Каталонија, не беше омилен меѓу навивачите на Шпанија и често беше исвиркуван за време на натпреварите.