Пејачката Туна Сејдиу ужива во улогата на мајка


Поп-пејачката Алтуна Сејдиу Туна периодов ужива во улогата на мајка. Со својот партнер Патрис во месец мај станаа родители на малиот Тиан.

Грижата околу синот, не ја спречува Туна да води живот од соништата исполнет со луксузни патувања и парчиња во гардероберот од најпознатите светски модни брендови. Таа исто така ги следи светските трендови и кога се фотосесиите во прашање. Туна позираше речиси гола во поодмината бременост во стилот на Бијонсе, а деновиве ги изненади фановите со професионална фотосесија во када со нејзиниот син во прегратки. Фотографиите ги направи фотографот Норик Ука.

Пејачката се обидува и да го крене јавното мислење на одредени теми, како што е доењето во јавност, па пред неколку месеци објави фотографија на која го дои Тиан.