Педофил злоставувал 53 девојчиња од Хрватска


Хрватската полиција соопшти дека е уапсен сериски педофил кој преку лажни профили на Фејсбук злоставувал малолетни девојчиња.

Засега полицијата идентификувала 53 жртви, девојчиња на возраст од 10 до 15 години од цела Хрватска, но и од други земји од соседството, но засега не е наведено од кои земји.

– Во истрагата е утврдено дека осомничениот креирал повеќе лажни профили на Фејсбук со цел да ја задоволи сексуалната страст и да прибави сексуално експлицитни содржини со деца, особено помлади од 15 години. Користејќи лажно претставување и заведување во поглед на својата возраст и изгледот, стапувал во контакт со поглем број девојчиња, особено помлади од 15 години – пишува во полициското соопштение.

Акцијата била спроведена на областа на 18 полициски управи во Хрватска. На педофилот му е одредена мерка притвор поради основано сомение дека од почетокот на април 2017 година до крајот на јануари 2018 година 24-годишникот направил вкупно 80 казнени дела од полови деликти на штета на децата. Се рабори за 46 казнени дела прикажување порнографски материјали пред деца и 14 казнени дела искористување деца за порнографија, десет казнени дела задоволување страст пред дете помало од 15 години, 5 казнени дела намамување деца заради задоволување полови потреби и други.

Утврдено е дека осомничениот како посебен начин на манипулација ги користел отсуството на животно искуство на жртвите и нивната наивност – им се заканувал дека јавно ќе ги објави пораките што ги разменувале доколку не му достават сексуално експлицитни содржини.