Османи: Ценети мои сограѓани, верувајте во искреноста на премиерот
„Знам дека од почеток, кога ќe читате дека еден Албанец го брани премиерот одма некој ќе има предрасуди. Имам разбирање. Но, пред се, сакам да ве потсетам дека јас и премиеpот сме првите кои го вративме државното знаме во една поранешна воена зона, а исто така и таа зона ја вративме во институциите на државата. Со еден збор село Слупчане ја вративме во село на Република Македонија а Македонија ја направивме цела со интегрирање на Сљупчане во склоп на државата. Лажните патриоти за 17 години ја делеа државата, го изолираа моето село и направија мрачни зони и гето.
Да не збориме за Арачиново. Некогаш таму се пукаше, потоа не можеше државата ниту да влезе со институции а ниту мештаните не можеа да влезат во институции. Денес таму владее градоначалничка албанка која се кандидираше со СДСМ. Многумина ја нападнаа партијата зашто зближи Албанци а ониe кои нападнаа ја расцепија државата. Што е федерализација? Да добие градоначалник СДСМ во Арачиново или да се дели државата во зони каде што државата немаше пpистап како што направија лажните патриоти. Македонците во еден дел албанците во другиот дел. Сето тоа благодарение на лажните патриоти, некои Албанци и некои Македонци.
Цело време збореа за Тиранска платформа, а се случи спротивното: Македонското знаме и држава влегоа во Арачиново и Слупчане а граѓаните на овие две места влегоа во Македонија, во институции. Сега се преговара за едно големо прашање, името и интеграцијата. Имам потполно разбирање за чувствителноста на темата за името. И да бидете сигурни. Премиерот нема да прифати ништо што би го загрозил македонскиот идентитет и јазик. И на оваа тема лажните патриоти не донесоа до изолација и ониe први без потреба го отворија прашањето на идентитетот со цел да ја отежнат ситуацијата и нема решение бидејки ако се решавашe овој проблем денес ќе бевме во ЕУ и НАТО и ониe не ке можеле да крадат и јадат се и сешто. Премиерот Заев и министерот Никола Димитров се борат како вистински патриоти да затварат еден проблем и да го отварат еден широк пат кон иднината. Моментално сме пред опасност сите млади да ни избегаат во странство и таму да се асимилират и да губат и идентитет и јазик. До оваа не донесоа лажните патриоти. Во внатрешна политика веке нема сценарија и инциденти а и оние што биле ке се откријат и решат. Ке има живот, вработување и перспектива и најважно сите ке бидеме заедно со нашите најсакани тука во Македонија. Имајте трпение и верба во оваа шанса која е пред нас.“
Хади Османи