Од денеска до понеделник паркирањето во Центар е бесплатно


Од денеска до понеделник на паркиралиштата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ паркирањето е бесплатно. Тоа важи за сите паркинг места каде важи зонската наплата на ЈП „ПОЦ“, а бесплатно е паркирањето и во катната гаража кај МРТ.

Од претпријатието потсетуваат дека редовната наплата ќе продолжи во вторник. Бесплатно паркирање за време на државните празници е неколкугодишна практика на ЈП „ПОЦ“.