Притвор за Мијалков и за Ибраими


Судот одлучи да го прифати предлогот за притвор за Сашо Мијалков и за Бедредин Ибраими.

За останатите четворица за кои обвинителката Фатиме Фетаи побара да се јавуваат во судот, судот одреди да се јавуваат во вторник и четврток, лично.  За почеток, ќе треба да се јавуваат во Скопје, а понатаму може во градовите од кои доаѓаат.