Одбраната во Титаник: Државни структури не може да се поистоветуват со злосторничко здружување


Злосторничкото здружување во вакви големи обвинителни акти како обвинението за „Титаник“ е исклучително тешко да се докаже. Ние како одбрана ќе докажеме дека поистоветувањето на политички и државни структури со злосторничко здружување е незаконито и не произлегува од правната пракса и теорија. Ова е дел од воведниот говор на адвокатот Дончо Наков кој е бранител на дел од обвинетите во случајот Титаник.

На денешното рочиште во новиот суд дојдоа сите 21 обвинет во случајот меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски гордана Јанкулоска Мартин Протуѓер Кирил Божиновски.

Според Наков, не може Груевски, Протуѓер, Јанкулоска, Јанакиески, Божиновски два пати да одговараат и како извршители и како наводни поттикнувачи

Во овој случај обвинетите поранешни функционери се товарат за изборни нерегуларности. (Ф.Ф.)