Нова демократија: Дали „Илинденска Македонија“ е се уште на маса


Атина- Молкот од грчкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија,  Костис Хаѕидакис.

Тој вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент побарала од премиерот да разјасни дали продолжува да разговара за името „Илинденска Македонија“.

– Ципрас два пати се направи дека не го слушна. Неговиот молк на Грците им создава оправдана загриженост дека овој неприфатлив предлог, што е олицетворение на скопскиот иредентизам, уште се наоѓа на преговарачката маса. Господинот Ципрас треба денес и јасно да одговори на прашањето на Нова демократија, вели Хаѕидакис.