„Независен весник“ ја поддржува кампањата за Денот на ретките болести


Редакцијата на „Независен весник“ ја дава својата поддршка на пациентите со ретки болести. Тие утре ќе го одбележат својот ден – 28 февруари, Ден на ретките болести.

За таа цел, насловните фотографии на нашите профили на Фејсбук и на Твитер, денеска и утре ќе бидат во знак на ретките болести.

Своја поддршка за кампањата дадоа учениците од неколку основни и средни училишта,  градоначалниците на Охрид, на Битола и на Гостивар, како и Министерството за здравство.