Недела на современ шпански филм во Кинотека на Македонија


Од денеска до 26 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмски циклус посветен на современиот шпански филм.

Ќе бидат прикажани седум филмови со превод на македонски и англиски јазик. Филмската ревија ќе бидее отворена вечер со филмот „Среќни 140“ во режија на Грасија Керехета.

Утревечер ќе биде прикажан филмот „Лудата Хуана“ на режисерот Висенте Аранда, потоа следат и филмовите „Триман“ на Сес Гај, „Мојата голема моќ“ на Алекс де ла Иглесија, „Братучеди“ на Даниел Санчес Аревало и „Од твојот прозорец до мојот“ на Паула Ортис. Фестивалот ќе биде затворен со филмот „15 години и еден ден“ на Грасија Керехета.

Филмовите се во селекција на Амбасада на Кралството Шпанија.

Влезот за проекциите е бесплатен.