На Скопскиот плоштад славениците оставиле 40 кубни метри ѓубре


Eкипите на „Комунална хигиена“ од Скопје, за време на ноќната и утринската смена денес, собрале и транспортирале речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Винтерленд“, градскиот плоштад, улицата Македонија и Старата чаршија, информираше претпријатието.

Секоја година, на први јануари, по завршувањето на новогодишната прослава, екипите на скопски Комуналец го собираат отпадот, го чистат и го метат градскиот плоштад.