Мирослав Масин изложува во Љубљана


Во галеријата Кос во Љубљана вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот академски сликар Мирослав Масин.

Ќе бидат изложени дела од циклусот „Enchantè“ работени последниве четири години. „Enchantè“ претставува сублимат на поранешните циклуси на Масин.

Изложбата во Љубљана е организација на Младинскиот културен центар – Скопје, со поддршка на Министерството за култура на РМ, а ќе биде отворена до 3 декември.