Министерство за транспорт: Ќе има нови, евтини летови до атрактивни дестинации


Во најбрз можен рок ќе биде објавен нов јавен повик за финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, соопшти попладнево Министерството за транспорт и врски.
Според Министерството, нови, евтини и поволни летови до атрактивни дестинации за граѓаните на Република Македонија ќе има, а средствата за поддршка на авиопревозниците се обезбедени од неговиот буџет.
– Заинтересираните авиокомпании кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат уредно и целосно пополнети пријави во предвидениот рок, согласно законските прописи и наведените услови. Согласно својата деловна политика, секоја авиокомпанија самостојно одлучува за релациите на кои ќе сообраќа. Преку новиот јавен повик ќе се избере компанија која во целост ќе ги исполни барањата и ќе понуди најголем број нови дестинации., наведува Министерството.