Мени за „Оскар“: Што ќе јадат ѕвездите?
САД- Вечерва во театарот „Долби“ во Холивуд ќе се одржи 90-та церемонија на врачување на една од најпрестижните филмски награди во светот – “Оскарите”. Црвениот тепих, познатите личности, победниците и супериорната облека, ќе бидат во центарот на вниманието и оваа година во Лос Анџелес.
Гостите на церемонијата покрај уживањето во целиот настан, ќе уживаат и дегустирајќи префинети деликатеси дело на шефот Волфганг Пак, кој од година во година создава се понеобично мени.
Кога гостите ќе влезат во свечената сала, најмалку 6 нејверојатни јадења ќе им бидат послужени на различни локации низ салата. Ѕвездите и останатите гости ќе можат да ја започнат вечерата со леден бар, каде што ќе има парфе од кавијар, како и рак, јастог и школки.
За оние кои преферираат месо ќе се служи тартар од говедско месо врз подлога од воздушен црн ориз, такос со модар домат и краставички. Фановите на пастата ќе можат да се послужат со канапеи со сирење и зимски тартуфи, со зелен грашок, кромид чиполино и печени домати.
За десерт ќе има “Оскар” бисквити од чоколадо во изобилство. На масите ќе има и десерт Mocha Beehive, француски макарони за секој вкус. Покрај тоа, за 90-та церемонија се направени 7000 мини-Оскари од чоколадо.