Меланија Трамп достоинствена, во црно: Комеморација за Џорџ Буш постариот


САД- Претседатели, кралеви и високи гости од целиот свет му одаваат последна почит на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот  кој почина на 94-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон, Тексас.

Во Националната катедрала во Вашингтон е собрана цела светска политичка елита на комеморацијата на 41. претседател кој последните години, страдаше од Паркинсонова болест.

И актуелниот претседател Трамп дојде на последното збогум, заедно со првата дама Меланија. Г-ѓа Трамп го испочитува протоколот и се облече во црн комплет, со црн капут и со црни кадифени чизми со висока потпетица. И сега, како и на погребот на Барбара Буш, седеше во ВИП ложата до експретседателот на САД, Барак Обама и Мишел Обама.

За време на неговото владеење меѓу 1989 и 1993 година заврши Студената војна. Ве негово време беше изведена воената операција „Пустинска бура” против ирачкиот претседател Садам Хусеин. Буш беше претседател во еден мандат. На изборите во 1992 година беше поразен од демократот Бил Клинтон.

Џорџ Буш постариот беше ветеран од Втората светска војна, конгресмен од Тексас, директор на ЦИА и потпретседател на Роналд Реган.

Неговиот син Џорџ Буш помладиот беше 43-от претседател на САД, а другиот негов син Џеб Буш беше гувернер на Флорида.

За време на неговото владеење се случи падот на Берлинскиот ѕид, падот на СССР и Варшавскиот пакт. Во 1989 година Буш постариот даде наредба за воен упад во Панама, а во 1991 година, кога Ирак одби да ги повелече своите сили од Кувајт, ја нареди операцијата „Пустинска бура”.

Буш постариот одржа седум средби со шефовите на СССР и Русија Михаил Горбачов и Борис Елцин, како резултат на што беа потпишани два договора за намалување и ограничување на стратегиското  вооружување (СНВ-1 и СНВ-2).