Мбапе и донесе нова победа на Франција


Репрезентацијата на Франција не импресионираше со својата игра и во вториот натпревар на Мундијалот во Русија, но си обезбеди место во осминафиналето.

Овој пат „петлите“ го победија борбениот тим на Перу со 1:0 и со 6 поени на табелата сигурно ќе се пласираат во елиминациската фаза. Јужноамериканците пак не продолжуваат понатаму по два порази досега.

Килијан Мбапе го реализираше единствениот гол во Екатеринбург откако беше прецизен во 34 минута. Европејците одиграа силно во првиот дел, но потоа ја отстапија иницијативата на противникот и дури имаа среќа, бидејќи „инките“ погодија пречка, а имаа и неколку добри шанси. Освен тоа, Перуанците пропуштија 100 процентна шанса уште при 0:0.

Во другиот натпревар во групата порано во текот на денот Данска и Австралија одиграа 1:1, што е позитивен исход за Скандинавците. Тие веќе имаат 4 поени, додека Австралија има бод.

Во последниот круг „кенгурите“ треба да победат против Перу, а во исто време Франција треба да го совлада „црвениот динамит“.

При ист број на бодови, прво се гледа гол-разликата.