Марго Роби е новото лице на „Шанел“


САД- Актерката Марго Роби можеби не освои „Оскар“  за улогата во „Јас, Тоња“ на церемонијата во неделата, но сè  уште постои вистинска прилика за прослава.

По исклучително елегантното претставување на црвениот тепих во едноставен бел фустан на дизајнерот Карл Лагерфелд, ѕвездата од “Јас, Тонја” беше официјално прогласена за амбасадор на легендарната француска модната куќа „Шанел“.

Во изјавата  Австралијката сподели дека “за неа е сон” да претставува модна куќа со слична богата историја. Таа призна и колку високо го цени брендот за тоа што продолжува и до ден денешен да е стандард за женственост и сила.