Мали инциденти на протестот во Солун против Договорот од Преспа


Мали инциденти се случија за време на протестот што е во тек во центарот на Солун против Договорот од Преспа.

Според локалните медиуми, мала група маскирани лица ја нападнала полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките новинари коментираат дека демонстрантите не се воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите.

И покрај инцидентите и солзавецот, насобраните граѓани остануваат на протестот.