Македонците навалија на викендиците на Пирин: Стан во Банско за 10.000 евра


Главната група на купувачи на викендици во бугарските зимски центри остануваат Бугарите. Англичаните и Русите веќе долго време не се активни на паарот на недвижности во Бугарија, пишува бугарскиот портал факти.бг.

Спореда анализата на порталот Србите и Македонците се на прво место според бројот на купени викендици во ова бугарскиo ски одморалиште.
Главната причина за ова, според аналитичарите се достапните цени. Исто така тие се привлечени од добрата локација на одморалиштето и скијачкиот центар на Пирин планина. Интерес за купување имаат и богатите Турци.

Во последните 10 години цените на викендиците и становите во најголемото зимско одморалиште во Бугарија-Банско паднаа тројно.
На крајот на 2007 и почетокот na 2008 година квадрат чинел од 1.200 до 1.500 евра, сега може да се купи имот за ценa од 350 до 450 евра за метар квадратен.

Ова не важи за луксузни апартмани, кои што се продаваат по цена од 900 евра метар квадратен.

Просечната цена на еднособен стан во Bанско изнесува околу 450 евра за метар квадратен ако се види на најголемата страна за недвижности имот.бг.
Идеален стан со површина од околу 41 метар квадратен се нуди по цена од 15.000 евра изграден во 2008 година.

Стан од 30 квадрати изграден во 2007 година може да се најде по цена од 10.000 евра

Речиси идентична е вредноста на двособните станови кои се продаваат по цена од 460 евра за метар квадратен. Најевтин стан од 75 квадрати може да се купи по цена од 20.000 евра. Најскап стан од овој тип, како што е објавено на сајтот за недвижности е 29.000 евра.
Во моментов во Банско се нудат околу 700 двособни станови и 250 трособни станови.