Македонски пејачи ќе ја возобноват старата божикна песна „Небо и земја“
Тие веќе работат во студио на возобновувањето на „Небо и земја“ – Божикна песна која до пред 30 години се пеела во битолскиот крај и која има мошне богата историја и традиција, велат од Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки“.
Во песната ќе учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и „Златно славејче“. Дел од нив го посетија домот на 81 – годишната Даница Јолевска, која е жив сведок за долгогодишната традицијата на пеење на оваа Божикна песна во битолскиот крај.