Лазар Еленовски назначен за специјален претставник во НАТО и покрај отпорот во јавноста


И покрај реакциите во јавноста, Лазар Еленовски е назначен за специјален претставник на Владата на Република Македонија за прашања од областа на НАТО интеграциите во Брисел. Решението е објавено на 6 март во Службеник весник и по објавувањето стапува на сила.

Како што претходно пишуваше „Независен весник“, девет години откако ги тужеше претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, и сопартијците од НСДП, Горан Минчев и Горан Мисовски, бидејќи ја објавија снимката на која кажува дека Никола Груевски во 2008 бил подготвен да го смени името на државата, поранешниот амбасадор во Брисел, Лазар Еленовски, повторно игра за Владата – овој пат за СДСМ и ДУИ.